Четвртиот – „Триоги триатлон 2024“ ќе се одржи на 19 мај во Скопје. По тој повод денеска гостин со студиото на Спортско радио 90,3 ФМ беше првиот човек на Триатлон федерацијата, Иван Михајловски.
„Не чека значаен настан на кој ќе се појават 300 учесници од кои речиси половината се од други земји. Натпреварувањето ќе биде во неколку возрасни категории. Благодарност до сите релевантини фактори што ни излегоа в пресрет во поглед на организацијата. Нашата тенденција е да привлечеме што поголем број на млади личности во триатлонот“ – потенцираше Михајловски во дел од интервјуто за Спортско Радио 90,3 ФМ.
Стартот и целта ќе бидат во Спортскиот центар „Борис Трајковски”. Пливачкиот сегмент ќе се одржи на базенот, за велосипедскиот дел ќе се користи одредена делница на булеварот Илинден а трчањето ќе биде само околу спортскиот центар.