Голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез, проговори за односот кон голманите во модерниот фудбал.
„Голманите деновиве се ценат малку повеќе. Морам да правам одбрани, бидејќи тие носат титули“, изјави Мартинез.
Аргентинецот во 2022 година стана светски шампион на Мундијалот во Катар. Токму неговите одбрани во пенал-рулетот и им ја донесоа титулата на „гаучосите“.