Кошаркарката на Вардар, Моника Зафировска, денеска беше гостинка на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ. Големата перспектива на мак-баскетот, нагласи, дека „црвено-црните“, максимално се подготвуваат за големото финале во шампионатот кое ќе стартува на 15 мај. Нивниот противник ќе дојде по денешната мајсторка меѓу Баскет Кам и Крива Паланка.
„ Заслужено влеговме во битката за титулата. Двата меча со Куманово во полуфиналето беа крајно интересни и драматични. Покажавме поголема желба за победа. Имаме одлична екипа која може секого да победи“ – изјави Зафировска.
„Кој и да ни биде противник во финалната серија, ќе се обидеме да го дадеме максимумот. Знаеме дека квалитетот на екипите е изедначен. Мислам дека многу вложивме во сезонава и очекуваме да бидеме наградени со шампионскиот пехар“ – потенцираше младата кошаркарка на Вардар во интервјуто за Спортско радио 90,3 ФМ кое може да го проследите на следниот ЛИНК.

