Реал Мадрид денеска со навивачите ја прославува 36-та шампионска титула. „Кралевите“ пред една недела го освоија шампионатот на Шпанија, а денеска Кралската шпанска фудбалска федерација му го додели шампионскиот пехар на Реал Мадрид во базата на клубот.
Потоа, екипата отиде на плоштадот Пуерта дел Сол, каде има и канцеларија на претседателката на заедницата во Мадрид, Изабел Дијаз Ајусо. По пречекот, играчите и тренерите на тимот излегоа на балконот и ги поздравија насобраните навивачи.