Менаџерот на Арсенал, Микел Артета имаше убави за својот колега, тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг во пресрет на денешното дерби од Премиерлигата.
Двата тима ќе се соочат во натпреварот од 37. Коло, кој е исклучително важен за „топчиите“ кои се борат за титулата.
„Можам само да кажам што мислам за него како тренер. Тој е одличен тренер. Им се восхитувам на неговите тимови – и Ајакс и Јунајтед“, вели Артета.
„Знам што се обидува да направи, како го прави тоа и колку е тешко да се подготвиш за натпреварите против него, па затоа имам голема почит кон него“, додаде тренерот на лондончани.

