Фудбалерот, Дани Карвахал, ќе добие продолжување на договорот со Реал Мадрид. Тоа доаѓа како награда за добрите игри во сезоната која полека привршува.
32-годишниот десен бек има тековна соработка со „белите“ до 2025-та која веројатно ќе биде продолжена за уште една сезона.
Карвахал цели 11 години настапува за шпанскиот гигант. Тој сега ја носи и капитенската лента.