Борусија (Дортмунд) потпиша договор со 16-годишниот еквадорски фудбалер Џастин Лерма, соопшти германскиот клуб.
Младиот играч ќе остане во Индепендиенте дел Вале додека да наполни 18 години по што ќе се пресели во Европа.
Спортскиот директор на „милионерите“, Себастијан Кел, откри дека долго време ги следеле настапите на Лерман и дека контактирале со неговото семејство.