Фудбалерите на Барселона доцна синоќа го совладаа Реал Сосиедат со 2-0 и се вратија на второто место на табелата во Примера Дивизион. Тренерот на Каталонците, Чави Ернандез, вели дека е задоволен.
„Реал Сосиедад не е тим кој ти дозволува да создаваш многу шанси. Не очекувавме дека ќе напаѓаат со пет играчи од средниот ред“ – изјави Чави.
Барселона до крајот на сезоната ја очекуваат мечевите со Алмерија, Рајо Валјекано и Севилја.

