Меѓународната агенција за тениски интегритет им изрече забрана на двајца тенисери поради местење натпревари.
Алехандро Мендоза Креспо доби доживотна суспензија и парична казна од 250.000 долари. 34-годишниот Боливиец активно учествувал во корупциски шеми, вклучително и организирање на местење натпревари со учество на други тенисери. Мендоза беше прогласен за виновен за 20 прекршоци.
28-годишниот Перуанец Хорхе Панта Херерос доби 3 години суспензија и 10.000 долари поради организирање местење натпревари. Тој е прогласен за виновен за 4 прекршоци.
