Денеска стартува така наречениот Ф4 завршен турнир во ракометниот Куп на Македонија во машка и женска конкуренција.
Програмата од 17.00 часот во СЦ Борис Трајковски ќе ја отворат ракометарките на Ѓорче Петров и Куманово додека од 19.30, ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе играат со Тиквеш.
Утре во истите термини прво ќе играат Вардар и Чаир (жени) а потоа Вардар против Алкалоид (мажи). Финалните средби ќе бидат в недела. Ракометарките ќе истрчаат од 16.00 часот додека мажите ќе се борат за пехарот од 19.00.