На крајот од актуелната сезона во англискиот шампионат, Манчестер Сити освои 91 поен. Тимот на Пеп Гвардиола заврши на првото место на табелата, а Арсенал е на второто место со 88 бодови. Ливерпул заврши на третото место со 82 бода.
Така, Манчестер Сити стана првиот тим кој четири пати по ред го освоил англискиот шампионат. Во исто време, оваа екипа ја освои Премиер лигата шест пати во осум сезони под водство на Пеп Гвардиола.
Да потсетиме, шпанскиот стручњак е на чело на Манчестер Сити од 2016 година. За ова време, Граѓаните освоија вкупно 17 трофеи. Минатата сезона клубот од Манчестер под водство на Гвардиола ги освои Премиер лигата, Лигата на шампионите и ФА Купот.
Оваа сезона го освоија шампионатот, но имaат можност да дојдат до уште еден трофеј затоа што играат во финалето на ФА купт против Манчестер Јунајтед.