Откако стана јасно дека по завршувањето на сезоната во Премиер лигата, тренерот на Брајтон, Роберто Де Зерби, си заминува од тимот, италијанскиот стратег проговори за неговата следна дестинација.
„Ниту еден тим досега не ми понудил нешто конкретно. Засега – ништо. Се надевам дека повторно ќе работам во Премиер лигата. Не знам во кој клуб и кога ќе се случи тоа, но ми беше чест и гордост да работам во Премиер лигата и затоа би сакал да останам тука“, изјави Де Зерби за Би-Би-Си.
Италијанскиот стручњак беше поврзуван со Баерн или Милан.