Во среда од 19:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, екипите на Тиквеш и Воска Спорт ќе се соочат во 31-то финале во Купот на Македонија. Од Фудбалската федерација на Македонија денеска соопштија дека влезници за натпреварот може да се купат по цена од 200 денари преку продажната мрежа на МКТickets. Во Кавадарци поддржувачите на Тиквеш можат да купат билети во Street Café, додека поддржувачите на Воска, билетите во Охрид може да ги набават во Т.А. Вис Пој.
На денот на натпреварот, билети може да се купат и на билетарата на Националната арена „Тодор Проески“.
За првпат на финалниот натпревар се пласираа екипи кои досега никогаш не се нашле во меч за титула и за првпат, Тиквеш и Воска Спорт преку овој натпревар ќе имаат шанса да излезат во Европа, односно во квалификациите за Лигата на конференции.