Кливленд во текот на летото ќе му понуди максимален договор на кошаркарот, Еван Мобли. Во исто време, се очекува да продолжат и преговорите со Донован Мичел.
Доколку двајцата прифатат да останат, тогаш центарот, Џерет Ален, ќе оди на трансфер-листата.
22-годишниот, Мобли, одигра 50 натпревари во текот на регуларниот дел од сезоната, со просек од 15,7 поени, 9,4 скока и 3,2 асистенции по натпревар.