Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, практично потврди дека нема намера да ги прифати милионите од Саудиска Арабија и дека ќе им остане верен на „црвените“ . Тој проговори за амбициите во наредната сезона.
„Ќе направиме се што можеме да дојдеме до пехарите. Нашите навивачи го заслужуваат тоа“, напиша Салах на социјалните мрежи.
Неговиот тим сезоната ја заврши само со трофеј од Карабао купот.