Фудбалерите на Тиквеш ја совладаа Воска со 2:1 и го освоија победничкиот пехар во најмасовното клупско натпреварување кај нас.
Во интересен, возбудлив и главно изедначен меч, фудбалерите од Кавадарци на крајот сосема заслужено се изборија за вредниот трофеј и тоа за прв пат во клупската историја. Воедно тие си обезбедија и виза за Европа во квалификациите за Конференциската лига.
Тиквеш поведе со евро-голот на Стојковски во 41-та минута од слободен удар додека Силва во 57-та зголеми на 2-0. Единствениот погодок за Воска беше дело на Шаркоски во 77 минута по големата грешка на голманот Ренер.

