Фудбалскиот сојуз на Србија денес потврди дека постигнале договор со селекторот Драган Стојковиќ-Пикси и дека договорот ќе биде продолжен до 2026 година.
Така легендарниот српски фудбалер ќе остане на селекторската позиција и по настапот на Србија на Европското првенство во Германија.
„Во улога на селектор на нашата А репрезентација, Драган Стојковиќ ѝ овозможи на Србија за прв пат да биде учесник на две големи натпреварувања (Светското првенство во Катар и Европското првенство во Германија), а покрај тоа, постигна успех и во Лигата на нации. (се пласира во елитниот ранг) и ја доби довербата од раководството на нашата организација да продолжи со својата работа и по Европското првенство во Германија.
Одржувањето на континуитетот во водењето на репрезентацијата е еден од клучните фактори за постигнување на посакуваниот резултат“, објавија од Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС).
Репрезентацијат на Србија на претстојното Европско првенство се наоѓа во група заедно со Данска, Англија и Словенија.