Еден од најдобрите фудбалери на германски РБ Лајпциг, Дани Олмо е голема желба на Барселона, пренесува шпанска „Марка“. Олмо на тој начин би можел да се врати во својот матичен клуб по 10 години, откако се пресели најпрво во Динамо (З), а потоа стигна и до Бундеслигата.
Баерн го додаде Дани Олмо на списокот на играчи кои сакаат да ги купат ова лето, па затоа битката за него очигледно ќе биде сериозна. Спортскиот директор на баварците, Макс Еберл добро го познава Олмо уште од минатата сезона, кога ја извршуваше истата функција во РБ Лајпциг.
Откупната клаузула на Олмо ова лето е 60 милиони евра.

