Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, се осврна на сезоната и одговори на критиките што ги добиваше речиси во континуитет.
Неговиот тим вчера го освои пехарот во ФА Купот на Англија по победата против Манчестер Сити додека во Премиер-лигата на крајот на сезоната заврши на осмото место. Тоа е нати-рекорд или најслабиот пласман на „црвените ѓаволи“ во последните 30 години.
„Кога некого го критикуваш немаш поим како е да се биде менаџер на фудбалски тим“ – беа зборовите на Холанѓанецот кој уште не е сигурен дали ќе остане и натаму на „Олд Трафорд“.

