Тренерот во фудбалската Академија при ФФМ , Неџат Шабани, кој работи со генерацијата во У 14, денеска беше гостин на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ.
„Наша главна цел е да ги подготвиме младите фудбалери за наредните предизвици и тоа што ги чека во повозрасните категории. Работиме според програмата и под надзор на УЕФА. Се обидуваме од мали нозе да ги научиме на дисциплина, ред, тактичка поставеност и пред да бидат се психолошки силни“ – вели Шабани.
„Морам да потенцирам дека на пријателските мечеви со Турција и Словенија бев презадоволен од прикажаното. Од тие четири средби требаше минимум на две да победиме. Покажавме карактер, желба за успех и што е најзначајно игравме без притисок. Имаме талентирани фудбалери за кои мора максимално да се грижиме. Не смееме да дозволиме по нивното заминување во клубовите да паднат во сенка“ – вели Шабани.

