Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»ФФМ со благодарница до Бирото за јавна безбедност
    Домашен микс

    ФФМ со благодарница до Бирото за јавна безбедност

    sasoBy saso30/05/2024No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Бирото за јавна безбедност (БЈБ) при Министерството за внатрешни работи доби благодарница од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за досегашната успешна соработка меѓу двете институции.Благодарницата ја прими директорот на БЈБ, Сашо Тасевски.

    –  „Во име на Фудбалската федерација на Македонија би сакал да изразам благодарност до вработените во Бирото за јавна безбедност и директорот Сашо Тасевски за успешната соработка и високото ниво на професионалност во извршување на своите обврски при организација на фудбалските натпревари. 

    Фудбалската федерација на Македонија има партнерски однос со БЈБ во однос на поддршката за успешна организација на натпреварите, пред, за време и по завршување на мечевите. ФФМ добива максимална поддршка од претставниците на Бирото за јавна безбедност се да помине без безбедносни проблеми. Благодариме на секој поединец што придонесе натпреварите да бидат на тоа високо ниво, не само од домашниот шампионат, туку и меѓународните натпревари кои ги организиравме“, изјави Игор Франговски при врачување на благодарницата до БЈБ од страна на Фудбалската федерација на Македонија. 

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.