Челниците на фудбалскиот состав Рома нема да му понудат перманентен договор на Сердар Азмун, велат последните информации од Италија.
Тоа значи фудбалерот на Баер Леверкузен кој играше како позајмен во редовите на „волчицата“, ќе мора да се врати во Германија.
Иранскиот репрезентативец сезоната ја финишираше со 29 средби во сите конкуренции. Тој даде три гола и направи четири асистенции.

