Шпанскиот фудбалски стручњак Франциско Хозе Гарсија Пимиента (49) е избран за нов шеф на стручниот штаб на Севиља, соопшти клубот од Андалузија.
Пимиента потпиша договор на една сезона со опција за продолжување на соработката, а на „Санчез Писхуан“ доаѓа од Лас Палмас со кој раководеше последните две сезони. Тој на клупата ќе го замени Кике Санчез Флорес .
Овој 49-годишен Каталонец ја започна својата тренерска кариера во помладите возрасни групи на Барселона, потоа го предводеше вториот тим на Барса, а од 2022 година и Лас Палмас.