Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Македонија денес тестира со Хрватска пред нивниот настап на ЕП во Германија
    Фудбал

    Македонија денес тестира со Хрватска пред нивниот настап на ЕП во Германија

    risteBy riste03/06/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската фудбалска репрезентација овој јуни ќе го искористи за одигрување на пријателски-контролни натпревари, а овој пат целта не е иста како онаа од пред три години – кога се подготвуваа за историскиот настап на Европското првенство. Нашата најдобра селекција во следниот период ќе одигра два контролни натпревари со кои ќе ја заврши оваа сезона. Прв ривал ни е селекцијата на Хрватска, а потоа силите ќе ги одмериме со Чешка, селекции кои што се учесници на претстојниот Европски фудбалски шампионат.

    Селекторот Благоја Милевски јунските натпревари ќе ги искористи за нова проверка на силите и квалитетите на поединци, а најверојатно и за нови комбинации во неговиот тим пред стартот на новата сезона во Лигата на нации. Последните натпревари кои ги одигравме беа исто така контролни и ремизиравме со Молдавија (1:1), а минимално загубивме од Црна Гора.

    Сега, пред нашите репрезентативци се натпревари со далеку посериозни предизвици од оние во март. Хрватска скоро една деценија е при самиот врв на светскиот фудбал, тоа го докажа и на последното Светско првенство на кое заврши како трета, а ова Европското првенство ќе биде посебно – бидејќи за неколку ѕвезди во репрезентацијата на Хрватска ова ќе биде последно големо натпреварување. Поради тоа, селекторот Златко Далиќ за вечерашниот натпревар со Македонија ќе се определи на дел од искусните играчи им даде одмор,а шанса да добиејат помладите.

    Квалитетот и фаворитската улога е на страна на селекцијата на Хрватска, а посебно тоа што Македонија за оваа средба ќе биде без својот капитен Енис Барди, кој има повреда на рамото.

    Натпреварот во Ријека на стадионот „Рујевица“ започнува во 19 часот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.