Бразилскиот фудбалер, Нејмар, потенцира дека неговиот сонародник од Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, треба да ја добие наградата – „Златна топка“.
Играчот на „кралевите“ во штотуку завршената сезона ја освои титулата во Примера Дивизион и во Лигата на шампионите.
„Навивам за него. Многу го сакам тој човек. Голем пријател што ми го даде фудбалот. Дефинитивно ќе ја освои Златната топка“ – напиша напаѓачот на „кариоките“ за неговиот соиграч од репрезентацијата.