Ракометарите на Вардар на 4 јуни во 2017 година за првпат во клупската историја станаа европски шампиони.
Тогаш „црвено-црните“ прво ја елиминираа фаворизираната Барселона а потоа во финалето го совладаа ПСЖ со 24-23 со голот во последната секунда на хрватскиот интернационалец, Иван Чупиќ.
Вардарци две години подоцна успеаја по втор пат да ја покорат Европа.
