Спортскиот директор на ракометниот состав Еурофарм Пелистер, Звонко Шундовски, во интервјуто за Спортско радио 90,3 ФМ, проговори за летните активности, за новите имиња во клубот и за плановите за наредната сезона.
„Втора година по ред станавме шампиони и тоа е навистина голем успех за клубот. Битола живее за ракометот а прославата на титулата траеше неколку денови. Костурот останува, условно речено првата постава. Правиме состав кој ќе биде посилен и ќе бележи подобри резултати. Се бројат само денови за да се објават новите засилувања. Ќе атакуваме на двојна круна дома и секако на успешни резултати во Европа. Ќе направиме се што можеме да добиеме вајлд карата за учество во Лигата на шамионите. – вели Шундовски.
„Сега ќе имаме период за одмор а летните подготовки ќе ги започнеме на 24 јули. Сакаме да настапиме на струшкиот и охридскиот турнир како и на традиционалниот во Добој. Тој ќе биде исклучително силен со учество на екипи од ЛШ и ќе биде дел од нашите подготовки за да се избруси формата за новата сезона“ – потенцираше Шундовски во интервјуто за Спортско радио 90,3 ФМ.

