Директорот на ракометниот состав Алкалоид, Горан Минов, на денешната средба со новинарите изрази задоволство од постигнатото во завршената сезона.
„Нашата сениорска екипа успешно се претстави во Европската лига во која ги освоивме првите бодови а го положивме и организацискиот дел. Преку домашното првенство изборивме место во Европа а посебна сатисфакција е освоениот Куп на Македонија“- вели Минов.
„Не радуваат резултатите со кои станавме прваци во пионерска, кадетска и младинска категорија. Голема благодарност до Кирил Лазаров како и до ракометарите кои максимално се вложија и ја направија сезоната да ни биде најдобра и најуспешна до сега“ – изјави Минов.

