Тренерот на ракометарите на Алкалоид, Кире Лазаров, не го криеше задоволство од успешната сезоната која го донесе првиот пехар во клубот.
„Бевме доминантни пред да влеземе во плеј-офот. Успеавме да освоиме Куп пехар, во неполни 72 часа успеавме да ги победиме двата најголеми клуба – Пелистер и Вардар, тоа е голем успех, знаеме дека сме на добар пат кој ќе биде уште потежок“ – вели Лазаров.
„Сакам да апелирам до другите клубовите да не гледаат во нас конкуренти туку да инвенстираат во млади играчи, само така можеме да го одржиме ракометот како спорт број еден во нашава држава“ – потенцираше Лазаров.