Фудбалерот од средниот ред на Краснодар, Едуард Спертсјан може да ја продолжи кариерата во Италија, пренесува „Tuttomercatoweb“.
За 24-годишниот Ерменец наводно, конкурираат: Јувентус, Лацио, Наполи и Фиорентина. Се известува дека италијанските клубови неколку месеци ги следеле настапите на играчот.
Тој сезоната ја заврши со 11 голови и 4 асистенции.

