Ристе Божиновски, еден од основачите на Фондацијата – „Марко Божиновски“, денеска беше гостин на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ по повод Традиционалниот Меѓународен Мeморијален ракометен турнир за играчи до 18 години – Марко Божиновски.
„Годинава по трет пат ќе го организираме турнирот на отвореното игралиште во Ново Лисиче од 14 до 16 јуни. Се надеваме дека ќе не послужат временските услови. Ќе учествуваат осум екипи и тоа пет од Македонија и три од БИХ, Романија и Црна Гора“ – вели Божиновски.
„Турнирот преставува можност за афирмација на младите ракометари, за размена на искуства и пред се да го задржи споменот на Марко. Сакаме да им дадеме дополнителен мотив на младите ракометари“ – потенцираше Божиновски во интервјуто за Спортско радио 90,3 ФМ.