Селекторот на фудбалерите на Франција, Дидие Дешамп, ја откри причината зошто главниот напаѓа Килијан Мбапе, влезе дури во 74. минута на пријателскиот натпревар против Канада кој заврши без голови.
„Тој сакаше да игра петнаесет минути. Килијан доби удар на тренингот и имаше значителна модринка на коленото“ – потенцираше селекторот на „Галските Петли“.
Франција на стартот на ЕП во Германија ќе биде во групата со Полска , Холандија и Австрија.

