Со два гола од пенал, фудбалската репрезентација на Чешка славеше во пријателскиот меч во Храдец Кралове против нашата фудбалска селекција со 2:1. Чесите беа подобри во сите 90. минути, но останува впечатокот дека двата гола беа од соминително досудени пенали.
Патрик Шик погоди од белата точка во 60. минута за водство од 1:0, а само пет минути подоцна Алими успеа да израмни на 1:1, откако собра еден отпадок по ударот на Трајковски во дирекот од голот на Чешка.
Одлуката падна во 97. минута со уште еден спорен пенал за домашните, кој Барак го претвори во гол за конечни 2:1.