Селекторот на белгиската репрезентација Доменико Тедеско посочи кого го смета за главен фаворит на претстојното ЕП 2024 година.
„Франција е во одлична позиција, но и Португалија имаше фантастичен резултат во квалификациите. Шпанија, Англија и секако Германија на домашен терен веројатно ќе бидат главни фаворити“, смета Тедеско.
Белгија, според Тедеско, ќе биде подготвена да изненади и тој очекува неговата репрезентација најпрво успешно да ја мине првата фаза од турнирот. Белгија се наоѓа во група со Романија, Словачка и Украина. На првиот меч на Евро 2024 Белгија ќе се сретне со Словачка на 17 јуни.

