Луѓето од Челзи ќе направат нов обид да дојдат до потписот на напаѓачот на Астон Вила, Џон Дуран, кој беше трансферна цел на „сините“ и во јануарскиот преоден рок.
Тој во 2023-та го облече дресот на Астон Вила и потпиша договор вреден 18 милиони фунти. 20-годишниот играч во последната сезона постигна осум голови.
Интернационалецот од Колумбија на трансфер-пазарот вреди околу 25 милиони евра.

