Крилниот напаѓач на Шкотска, Луис Морган, вели дека неговата селекција може да ја изненади Германија на отворањето на Европското првенство.
Иако „панцирите“ како домаќини се фаворити за првото место во групата а воедно и за победничкиот пехар, 27- годишниот фудбалер на Њујорк Ред Бул, е оптимистички расположен.
„Имаме талентиран состав.Во фудбалот се случуваат чудни работи. Нема причина да не одиме таму и да победиме„ – вели поранешниот напаѓач на Селтик.