Вечерва на „Алијанц Арената“ во Минхен со натпреварот меѓу Германија и Шкотска започнува 17. Европско фудбалско првенство.
Свеченото отворање на ЕВРО 2024 започнува во 19:45 часот, а воведниот натпревар меѓу домаќинот и селекцијата на Шкотска ќе старутва во 21 часот.
На Европското првенство кое ќе трае до 14 јули ќе настапат 24 репрезентации, а титулата европски првак ја брани Италија. На десет локации ќе се одиграат вкупно 51 натпревар.
Англиската фудбалска репрезентација во Германија пристигна со највреден тим од сите учесници на ЕП 2024 година. Англичаните имаат тим вреден скоро 1,5 милијарда евра, а „потешки“ од милијарда евра се и Французите (1,23) и Португалците (1,05).