Левиот бек на репрезентацијата на Шкотска, Ендрју Робертсон пред денешниот дуел со Германија на отворањето на ЕП 2024, вели дека очекува тежок меч.
„Не е тајна дека Германија ќе доминира со посед бидејќи го има најдобриот играч за врска во светот, Тони Крос. Но, кога ќе ја имаме топката, ќе мора да ја искористиме. Мора да бидеме мирни. Тешко се победуваат вакви противници, но ќе се обидеме да ги спречиме на секој начин. Ако го постигнеме ова, се надевам дека ќе биде доволно за добар резултат“, изјави Робертсон.

