41-годишниот дефанзивец, Пепе, ќе си замине од редовите на Порто, потврди доцна синоќа претседателот на португалскиот фудбалски состав, Андре Вилаш-Боаш.
„Тој нема да остане кај нас. Му ги објаснивме причините. Ние максимално ја почитуваме неговата кариера но, мораме да ги намалиме трошоците“ – вели првиот човек на Порто.
Пепе кој во два периода играше за Порто, успеа да освои четири пехари во домашниот шампионат.

