Екипата на Ал Наср му понудила на фудбалерот, Серхио Рамос, кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија, велат последните информации од Шпанија.
38-годишниот дефанзивец кој ја напушти Севилја, сега може да му биде соиграч на Кристијано Роналдо.
Тој и Португалецот долги години ја делеа соблекувалната во Реал Мадрид. Рамос во последната сезона одигра 37 средби и постигна три гола.

