Селекторот на фудбалерите на Португалија, Роберто Мартинез, пред денешниот меч со Чешка, вели дека неговите избраници се подготвени за голем успех на Европското во Германија.
„Имаме сон и верувам дека ќе го исполниме. Јас се подготвив да останам тука до финалето, си понесов повеќе облека“ – изјави Мартинез.
„Сакаме да го покажеме нашиот квалитет. Мислам дека сме добро подготвени физички и психички. Ќе ја покажеме нашата сила уште на првиот натпревар“ – беа зборовите на Мартинез.