Дејвис куп репрезентацијата на Македонија од утре до сабота ќе биде дел од натпреварите од Третата Европска зона од Дејвис купот што ќе се игра во Улцињ.
На денешната ждрепка нашата репрезентација влезе во групата А со Словенија (носител) и Црна Гора (домаќин). Во Б групата ќе играат: Кипар, Молдавија, Азербејџан и Косово. Во нашиот состав се: Димитар Грабул, Шендрит Деари, Берк Бугариќ и Амар Хусеиновиќ а ги предводи селекторот, Горан Шевченко.
Пласман во Втората Евро-африканска зона ќе обезбедат двете првопласирани од групите како и победникот од баражот на второпласираните репрезентации.

