Германскиот ветеран, Тони Крос, кој го игра последното Европско првенство во кариерата затоа што објави дека ќе се пензионира, е најдобриот играч за врска со најмногу прецизни додавања во групната фаза на Европското првенство 2024 година.
34-годишниот Германец има 326 прецизни додавања во првата фаза на првенството. Второто место по овој показател го зазема италијанскиот играч од средниот ред Николо Барела со 221 асистенција, додека Топ 3 листата со 219 успешни додавања ја заокружува Италијанецот Жоргињо.

