„Sky Sports News“ објави дека навивачите на Англија ќе може да конзумираат пиво со максимална јачина на мечот со Словачка во осминафиналето на Европското првенство.
Претходно, полицијата и организаторите имаа одлука дека на натпреварот ќе се служи пиво со помалку алкохол но, сега тоа е променето.
Ќе потсетиме дека на мечот Англија-Србија кој беше со визок ризик, се продаваше само безалкохолно пиво на што бурно реагираа фановите од Островот.

