Капитенот на словачката репрезентација, Милан Шкрињар зборуваше за поразот во мечот со Англија во 1/8-финалето на Европското првенство во Германија.
„Тешко е да се најдат зборови, сите сме многу тажни. Бевме многу блиску до пласман во следната рунда. Ако продолжиме да играме за Словачка на овој начин, веројатно ќе имаме уште поубави времиња. Штета е што паднавме во последен момент. Веројатно бевме на 30 секунди до победа. Но, навистина сум горд на целиот тим. Ова беше неверојатна авантура и исто така би сакал да им се заблагодарам на навивачите“, изјави Шкрињар.

