Суперкомпјутерот „Опта“ го одреди главниот фаворит на ЕП 2024 по комплетирањето на 1/8 финалето на овој турнир.
Опта смета дека главен кандидат за победа на ЕП 2024 е репрезентацијата на Германија (20 %). Во првите три фаворити се најдоа и репрезентациите на Шпанија (19,2%) и Англија (17,5%). Репрезентацијата на Франција е на четвртото место со показател од 15,2%.
Најмалку шанси за освојување на титулата и е дадено на турската репрезентација која според овој суперкомпјутер има 3,1% за да го освои ЕП 2024 – помалку од кој било друг.