Откако ноќеска беа одиграни последните натпревари од групата Д на Купот на Америка, поснати сите четвртфинални двојки во ова натпреварување. Ноќеска Бразил одигра нерешено со Колумбија 1:1, додека Костарика го победи Парагвај со 2:1. По овие резултати Колумбија го освои првото место во оваа група, додека Бразил оди понатаму како второпласиран.
Врз основа на резултатите од овие средби, одредени се сите четвртфинални парови на Купот на Америка 2024 година, кои изгледаат вака:
Аргентина – Еквадор
Венецуела – Канада
Уругвај – Бразил
Колумбија – Панама
Во полуфиналето на турнирот меѓусебно ќе се сретнат победниците од првиот и вториот пар од 1/4 финалето, како и победниците од третиот и четвртиот пар.

