Крилниот напаѓач на Јувентус, Федерико Киеза најверојатно ќе си замине од Торино. Оваа вест ја објави инсајдерот Фабрицио Романо.
Според изворот, новиот тренер на Торино Тиаго Мота не го гледа крилниот напаѓач меѓу клучните играчи на својот проект. Јувентус планира да го продаде Киеза во летниот преоден рок, бидејќи неговиот договор истекува следната година.
Јувентус планира ова лето да ги ангажира Копмајнерс од екипата на Аталанта, а ќе се обиде да издејствува и можност да го добие Џејдон Санчо, на позајмица или со траен договор.

