Фудбалерот на Португалија, Рафаел Леао, по вчерашната елиминација од Франција на Европското во Германија, вели дека сите научиле многу и тоа ќе треба да им биде голем плус во иднина.
„Ќе научиме од игрите. Благодарност до сите Португалци за поддршката. Нема многу зборови. Се е готово. Сите што играа дадоа максимум“ – изјави напаѓачот.
„Пеналите се лотарија а Франција победи. Имавме шанси но, не ги искористивме. Феликс е неверојатен талент иако имаше несреќна епизода“ – изјави Леао.

