Михаел Балак, прославениот фудбалер на Германија, не се согласува со објаснувањето на УЕФА зошто неговата селекција не доби пенал на вчерашниот меч со Шпанија во 1 / 4 финалната фаза на Европското првенство.
Европската куќа на фудбалот наведе дека таквите ситуации нема да се третираат како намерно играње со рака бидејќи фудбалерот прави обид да избегне допир со топката.
„ По секој шут кога топката е удрена се проверува дали има пенал. Тука се е јасно. Нема простор за интерпретација без проверка на тој ракометен момент“ – изјави Балак.